Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 5:9-15

2 Царевите 5:9-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И дојде Нааман со коњите свои и со колите свои и застана пред влезот на Елисеевиот дом. Тогаш Елисеј го испрати кај него слугата свој да му каже: „Оди, искапи се седумпати во Јордан, и телото твое ќе се обнови, и ќе бидеш чист.“ Се разгневи Нааман и си тргна, велејќи: „Ете, јас мислев дека тој ќе излезе, ќе застане и ќе го повика името на Господ, својот Бог, ќе ја стави раката своја на местото и ќе ја симне лепрата; зарем дамаските реки Авана и Парпар не се подобри од сите израел­ски води? Не можев ли да се искапам во нив и да се исчистам?“ Па се сврте и си отиде налутен. Му се доближија слугите негови и му рекоа, велејќи: „Татко, да ти кажеше пророкот да направиш нешто потешко, немаше ли да го направиш. А камо ли сега, кога ти рече само: искапи се, и ќе бидеш чист!“ Тој отиде и се потопи во Јордан седумпати, според зборовите на Божји­от човек, и телото му се обнови како тело на мало дете и се исчисти. Тогаш се врати кај Божјиот човек, тој и сите придружници него­ви, дојде, застана пред него и рече: „Еве, познав дека по целата земја нема Бог, освен во Израел; прими, пак сега дар од твојот слуга.“

2 Царевите 5:9-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И така Нееман стигна со своите коњи и со колите, и застана пред вратата на Елисеевата куќа. А Елисеј му порача на дојденикот: „Оди и искапи се седумпати во Јордан, и телото ќе ти биде пак чисто.“ Нееман се налути и тргна, велејќи: „Ете, јас мислев ќе излезе пред мене, ќе го повика Господа, својот Бог, ќе ја стави раката на болното место и ќе ми ја однесе лепрата. Не се ли реките во Дамаск, Авана и Фарфар, подобри од сите израелски води? Не можам ли да се искапам во нив за да станам чист?“ Се сврте и си отиде лут оттаму. Ама неговите слуги му пристапија и му рекоа: „Татко мој, да ти одредеше пророкот и потешко зар не би направил? А камоли кога ти рече: ‘Искапи се, и ќе бидеш чист.’“ И така слезе, се изми седумпати во Јордан, според зборот на Божјиот човек; и телото му стана пак како кај мало дете - се очисти! Тој се врати кај Елисеј, со сета своја придружба, влезе, застана пред него и му рече: „Еве, сега знам дека нема Бог во сета земја, освен во Израел. Затоа те молам, прими подарок од својот слуга.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност