Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 ЦАРЕВИ 5:9-15

2 ЦАРЕВИ 5:9-15 MKB

И така Нееман стигна со своите коњи и со колите, и застана пред вратата на Елисеевата куќа. А Елисеј му порача на дојденикот: „Оди и искапи се седумпати во Јордан, и телото ќе ти биде пак чисто.“ Нееман се налути и тргна, велејќи: „Ете, јас мислев ќе излезе пред мене, ќе го повика Господа, својот Бог, ќе ја стави раката на болното место и ќе ми ја однесе лепрата. Не се ли реките во Дамаск, Авана и Фарфар, подобри од сите израелски води? Не можам ли да се искапам во нив за да станам чист?“ Се сврте и си отиде лут оттаму. Ама неговите слуги му пристапија и му рекоа: „Татко мој, да ти одредеше пророкот и потешко зар не би направил? А камоли кога ти рече: ‘Искапи се, и ќе бидеш чист.’“ И така слезе, се изми седумпати во Јордан, според зборот на Божјиот човек; и телото му стана пак како кај мало дете - се очисти! Тој се врати кај Елисеј, со сета своја придружба, влезе, застана пред него и му рече: „Еве, сега знам дека нема Бог во сета земја, освен во Израел. Затоа те молам, прими подарок од својот слуга.“