2 Коринтјаните 9:8-10
2 Коринтјаните 9:8-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
А Бог може толку изобилно да ве благослови, така што секогаш ќе имате доволно од се што ви треба, па од изобилието ќе можете да правите разновидни добри дела. Како што е напишано во Светото Писмо: „Дарежливиот човек на сиромасите штедро им дава, праведноста негова ќе се памти довека!“ Бог, Кој обезбедува семе за сеидба, ќе обезбеди и леб за прехрана. А така ќе ви создаде и многубројни можности да сеете добри дела, па плодовите од вашата праведност ќе бидат обилни.
2 Коринтјаните 9:8-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Бог може изобилно да ве дарува со секаков дар, секогаш да имате доволно за сѐ, да бидете од сѐ срце дарежливи во секое добро дело. Како што е напишано: „Раздаде, им даде на сиромашните; правдата Негова останува вечна.“ А Оној Кој му дава на сејачот семе и леб за храна, Тој ќе го умножи и семето ваше, и ќе ви даде да изобилуваат плодовите на вашата правда
2 Коринтјаните 9:8-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Бог е силен да направи сета благодат да се излее изобилно врз вас, за да имате во сѐ секогаш сѐ што е потребно и да ви остане за секое добро дело, како што е напишано: „Растури, им даде на бедните, Неговата правда останува вечна.“ Оној Кој му дава семе на сејачот, ќе му даде и леб за храна; и ќе го умножи вашето семе и ќе направи да израстат плодовите на вашата правда