2 Коринтјаните 9:7-8
2 Коринтјаните 9:7-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Секој нека даде онолку колку што самиот ќе реши, без да му биде жал или сосила да се принудува. Бог ги сака оние што даваат со радост. А Бог може толку изобилно да ве благослови, така што секогаш ќе имате доволно од се што ви треба, па од изобилието ќе можете да правите разновидни добри дела.
2 Коринтјаните 9:7-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Секој да дава како што одлучил во срцето, а не со жал или принуда; зашто Бог го љуби оној што од срце дава. А Бог може изобилно да ве дарува со секаков дар, секогаш да имате доволно за сѐ, да бидете од сѐ срце дарежливи во секое добро дело.
2 Коринтјаните 9:7-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Секој нека даде како што одлучил во срцето, а не со жал и не од принуда, зашто Бог го љуби радосниот дарител. А Бог е силен да направи сета благодат да се излее изобилно врз вас, за да имате во сѐ секогаш сѐ што е потребно и да ви остане за секое добро дело