2 Коринтјаните 9:5-6
2 Коринтјаните 9:5-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Значи сметав дека е неопходно да ги замолам браќата да дојдат кај вас пред јас да дојдам, и да ги соберат прилозите што вие уште отпорано ги ветивте. Така тоа нема да биде изнуден прилог, туку великодушен подарок од вас. Едно сакам да ви припомнам: кој скржаво сее, скржаво и ќе жнее; кој штедро сее, штедро и ќе жнее!
2 Коринтјаните 9:5-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Затоа сметав дека е потребно да ги замолам браќата да дојдат претходно кај вас и да ја приготват вашата однапред ветена милостина, па да се покаже како плод на благослов, а не на лакомство. Ова, пак, ви го велам: кој така скржаво сее, така скржаво ќе жнее; а кој богато сее, богато и ќе жнее.
2 Коринтјаните 9:5-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И така, сметав за потребно да ги замолам браќата да отидат пред нас при вас, и да го приготват однапред вашиот отпорано најавен дар на благослов, така што да биде готов како благослов, а не како користољубие. А ова го велам: кој сее скржаво, скржаво и ќе жнее; кој сее во благослов, во благослов и ќе жнее!