2 Коринтјаните 9:11-13
2 Коринтјаните 9:11-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ќе ве направи богати во се, така што уште поштедро ќе можете да давате. Кога ќе им ги однесеме вашите дарови на оние што се во скудност тоа ќе ги поттикне од се срце да Му се заблагодарат на Бог. Зашто, извршувањето на оваа служба, освен што ќе им ги исполни потребите на христијаните во Ерусалим, во исто време ќе поттикне изливи на благодарност спрема Бог. Значи, тие ќе Му оддадат слава на Бог благодарение на тоа што вие на дело се докажавте во оваа служба. Тоа ќе им биде доказ дека вие навистина живеете според принципите на Радосната вест од Христос, која вие ја исповедате и поради која толку штедро давате и за нив и за сите.
2 Коринтјаните 9:11-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
па во сѐ да се збогатите за секаква дарежливост, која преку нас предизвикува благодарност кон Бога. Бидејќи извршувањето на таа служба не само што ги надополнува потребите на светиите, туку и во мнозина предизвикува обилна благодарност кон Бога; и тие, користејќи ги плодовите од таа служба, Го прославуваат Бога за вашето покорно исповедање на Евангелието Христово и за штедроста на заедницата со нив и со сите други.
2 Коринтјаните 9:11-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
и да бидете богати во сѐ за секаква дарежливост, која преку нас предизвикува благодарност кон Бога. Зашто извршувањето на оваа света служба, не само што им ја надополнува скудноста на светите, туку и се возвишува со тоа што мнозина Му благодарат на Бога; тие се вредното извршување на оваа служба и се поттикнати да Го слават Бога, за вашето покорно признавање на Евангелието за Христа и за дарежливоста на вашето заедништво со нив и со сите