2 Коринтјаните 9:10-11
2 Коринтјаните 9:10-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Бог, Кој обезбедува семе за сеидба, ќе обезбеди и леб за прехрана. А така ќе ви создаде и многубројни можности да сеете добри дела, па плодовите од вашата праведност ќе бидат обилни. Ќе ве направи богати во се, така што уште поштедро ќе можете да давате. Кога ќе им ги однесеме вашите дарови на оние што се во скудност тоа ќе ги поттикне од се срце да Му се заблагодарат на Бог.
2 Коринтјаните 9:10-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Оној Кој му дава на сејачот семе и леб за храна, Тој ќе го умножи и семето ваше, и ќе ви даде да изобилуваат плодовите на вашата правда, па во сѐ да се збогатите за секаква дарежливост, која преку нас предизвикува благодарност кон Бога.
2 Коринтјаните 9:10-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Оној Кој му дава семе на сејачот, ќе му даде и леб за храна; и ќе го умножи вашето семе и ќе направи да израстат плодовите на вашата правда; и да бидете богати во сѐ за секаква дарежливост, која преку нас предизвикува благодарност кон Бога.