2 Коринтјаните 8:7-9
2 Коринтјаните 8:7-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Како што вие во многу нешта се истакнувате и имате: вера, проповедници, знаење, сериозен однос, љубов спрема нас, така погрижете се и вашата милосрдна дарежливост да не заостане. Ова не е наредба, туку, гледајќи ја ревноста со која другите и пристапуваат на оваа задача, сакам да проверам колку е искрена вашата љубов. Вие знаете каков милосрден дар ни даде нашиот Господ Исус Христос! Иако беше богат, заради вас Тој стана сиромашен, та преку Неговата сиромаштија вие да станете богати.
2 Коринтјаните 8:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И како што сѐ изобилува во вас: верата и словото, знаењето и секоја усрдност и љубовта ваша кон нас, така нека изобилува во вас и таа добродетел. Ова ви го велам не како заповед, туку преку усрдност на другите да ја испитаме искреноста и на вашата љубов. Бидејќи вие ја знаете дарежливоста на нашиот Господ Исус Христос, дека Тој, иако богат, осиромаши заради вас, да се збогатите и вие преку Неговата сиромаштија.
2 Коринтјаните 8:7-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И како што изобилувате во сѐ, во верата, во словото, во знаењето, во секаква ревност и во љубовта кон нас, покажете го своето изобилство и во ова дело на љубовта. Не го велам ова како заповед, туку ја испитувам искреноста на вашата љубов, преку ревноста на другите. Зашто позната ви е благодатта на нашиот Господ Исус Христос, како заради вас од богат стана сиромашен, за да се обогатите вие преку Неговата сиромаштија.