2 Коринтјаните 8:3-5
2 Коринтјаните 8:3-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Јас сум сведок дека тие дадоа толку доброволни прилози колку што им се можностите, па и повеќе. Многу не молеа да им дадеме можност и тие да се вклучат во собирањето доброволни прилози за помош на христијаните во Ерусалим. Направија повеќе отколку што очекувавме. Прво самите себе Му се предадоа на Господ, а потоа ни се предадоа и нам, следејќи ја Божјата волја.
2 Коринтјаните 8:3-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
зашто, според нивните можности, па дури и преку нивните можности, јас сум сведок дека тие даваа доброволно, нѐ молеа многу усрдно да го примиме нивниот дар и учеството во прислужувањето на светиите; и тоа не како што се надевавме, туку тие најнапред сами себе Му се предадоа на Господ, а потоа и нам, по волјата Божја.
2 Коринтјаните 8:3-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто сведочам, дека според своите можности, а и преку нив, дадоа доброволно и нѐ молеа многу да им ја укажеме милоста да можат да учествуваат во службата на светите. И даваа не само како што се надевавме, туку и самите себе Му се предадоа прво на Господа, и тогаш нам, преку Божјата волја.