Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 8:16-24

2 Коринтјаните 8:16-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Да Му благодариме на Бога, Кој во срцето на Тит положи толкава усрдност за вас. Тој ја прифати мојата молба, и би­дејќи многу ревносен, доброволно тргна кон вас. Со него го испративме братот, по­фалуван по сите цркви за неговото бла­говестие; и не само тоа, туку црквите го из­браа за да нѐ придружува во тоа дело на дарежливоста, на кое му служиме за слава на Самиот Господ и за нашата добра волја, пазејќи се, да не нѐ укори некој по­ради обилните приноси, за чие собира­ње се грижиме ние. Зашто ние се трудиме за доброто не само пред Господ, туку и пред луѓето. Со нив го испративме и нашиот брат, чија ревност многупати сме ја ис­пробале во многу работи, и кој сега е уште поревносен поради големата уве­реност во вас. Што се однесува до Тит, тој е мој другар и соработник меѓу вас; а по од­нос на нашите браќа, тие се пратеници на црквите, Христова слава. И затоа покажете им пред црквите доказ на вашата љубов и на спра­вед­ли­воста на нашите пофалби за вас.

2 Коринтјаните 8:16-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Му благодарам на Бог што во срцето на Тит ја стави истата грижа што јас ја чувствувам за вас. Тој, не само што ја прифати нашата молба да дојде кај вас, туку одвај чекаше што побрзо да тргне на пат! Со него ви испраќаме уште еден наш брат кој е проповедник на Радосната вест, и ужива голема почит меѓу сите цркви. Освен тоа, тој е одбран од црквите да патува со нас кога ќе ги носиме доброволните прилози во Ерусалим. Тоа дело е за слава на Господ и ја покажува нашата готовност да помогнеме. Ќе патуваме заедно, за да не му дадеме никому повод да не озборува дека сомнително располагаме со овие вредни дарови, зашто сакаме да бидеме чесни не само пред Господ, туку и пред луѓето. Со нив ви испраќаме и еден наш брат чија искреност повеќепати сме ја провериле во многу работи. Тој сега уште повеќе сака да помогне, зашто има голема доверба во вас. Ако некој се распрашува за Тит, кажете му дека тој е мој другар и соработник во мојата служба меѓу вас. Што се однесува до браќата што ќе го придружуваат, тие се претставници на црквите. Тие се прекрасен пример како треба да се работи за слава на Христос. Покажете љубов спрема нив, за да видат црквите дека ние со право се гордееме со вас.

2 Коринтјаните 8:16-24 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Но, Му благодарам на Бога, Кој истата грижа за вас му ја стави во срцето на Тит! Зашто ја прифати нашата молба, но бидејќи многу ревносен, доброволно отиде при вас. Со него го праќаме и братот пофалуван, за работење на Евангелието по сите цркви. И не само тоа, туку црквите го избраа да патува со нас во ова дело на љубовта, на кое му служиме за слава на Самиот Господ и да ја покажеме својата подготвеност. Со тоа сакаме да избегнеме да не ни се префрли заради овој изобилен подарок што го донесуваме. Зашто, ние се грижиме за она што е добро не само пред Господа, туку и пред луѓето. А со нив го испративме и нашиот брат, чија ревност ја испитавме повеќе пати во многу работи, а кој е уште поревносен сега, заради големата доверба во вас. Што се однесува за Тит, тој е мој другар и соработник за вас. А што се однесува за нашите браќа, тие се пратеници на црквите и Христова слава. И така, покажете им го пред црквите доказот на вашата љубов и на нашите пофалби за вас.