2 Коринтјаните 8:1-5
2 Коринтјаните 8:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Браќа, ве известувам за благодатта Божја, дадена на македонските цркви, дека и покрај големото испитување во маката, нивната радост беше изобилна; и покрај нивната длабока сиромаштија покажаа големо богатство во нивната дарежливост, зашто, според нивните можности, па дури и преку нивните можности, јас сум сведок дека тие даваа доброволно, нѐ молеа многу усрдно да го примиме нивниот дар и учеството во прислужувањето на светиите; и тоа не како што се надевавме, туку тие најнапред сами себе Му се предадоа на Господ, а потоа и нам, по волјата Божја.
2 Коринтјаните 8:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Драги пријатели христијани во Коринт, сакаме да ве известиме за Божјата милосрдна благонаклоност кон црквите во Македонија. Тие поминаа низ големи искушенија и низ многу неволи, но нивната радост е толку голема што, и покрај нивната голема сиромаштија, тие се многу дарежливи. Јас сум сведок дека тие дадоа толку доброволни прилози колку што им се можностите, па и повеќе. Многу не молеа да им дадеме можност и тие да се вклучат во собирањето доброволни прилози за помош на христијаните во Ерусалим. Направија повеќе отколку што очекувавме. Прво самите себе Му се предадоа на Господ, а потоа ни се предадоа и нам, следејќи ја Божјата волја.
2 Коринтјаните 8:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ве известувам, браќа, за Божјата благодат дадена на црквите во Македонија; дека, иако во многу неволји, со кои беа искушувани, нивната преумножена радост и длабоката беда, покажаа преизобилно богатство на нивната дарежливост. Зашто сведочам, дека според своите можности, а и преку нив, дадоа доброволно и нѐ молеа многу да им ја укажеме милоста да можат да учествуваат во службата на светите. И даваа не само како што се надевавме, туку и самите себе Му се предадоа прво на Господа, и тогаш нам, преку Божјата волја.