2 Коринтјаните 7:9-10
2 Коринтјаните 7:9-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
сега се радувам не затоа што се ожалостивте, туку што се ожалостивте за покајување; бидејќи се ожалостивте по Бога, та никаква штета да не претрпите од нас. Бидејќи жалоста што потекнува од Бога предизвикува неопходно покајување за спасение, а световната жалост доведува до смрт.
2 Коринтјаните 7:9-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
но сега се радувам, не затоа што ве нажалив, туку затоа што тоа ве доведе до покајување. Таа жалост ви е од Бог. Ние со ништо не сакавме да ве повредиме. Бог може да ја употреби жалоста во нашите животи за да ни помогне да се оттргнеме од гревот и да бараме спасение. Ако сте доживеале таква жалост, не треба да ви биде криво. Опасна е жалоста што не води кон покајание, бидејќи таа води во смрт.
2 Коринтјаните 7:9-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
сега се радувам; не заради тоа што се нажаливте, но дека се нажаливте за покајание; зашто се нажаливте по Бога, така, за да не бидете оштетени од нас во што и да е. Зашто, жалоста по Бога донесува покајание за спасение - за кое не се кае, а жалоста на светов донесува смрт.