Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 11:1-15

2 Коринтјаните 11:1-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Ех, да бевте потрпеле малку од моето безумие! Да, потрпете ме! Зашто за вас сум љубоморен со Божја љубомора; зашто ве свршив за еден маж, за да ве претставам пред Христос како чиста девица. Но се плашам, како што змијата со своето лукавство ја измами Ева, да не се одвратат вашите мисли поради вашата искреност кон Христос. Зашто, ако некој дојдеше да про­по­веда друг Исус, кого ние не сме го про­поведале; или, ако добиевте друг дух, кого не сте го добиле, или друго евангелие, кое не сте го примиле, вие добро ќе го поднесевте. Но јас мислам дека во ништо не сум помал од надапостолите. Иако сум прост во говорот, во зна­ењето не сум. А насекаде и по сѐ сме ви добро познати. Направив ли грев што, понизувајќи се себе за да ве издигнам вас, бесплатно ви Го проповедам Евангелието Божјо? Други цркви оштетив, добивајќи од нив издршка, да ви служам вам, и додека бев кај вас, иако бев со скудност, ни­кому не дотежнав, зашто во немаштијата моја ми по­могнаа браќата што дојдоа од Маке­до­нија. Па и во сѐ друго се пазев и ќе се пазам да не ви бидам на товар. Поради вистината Христова во ме­не, оваа пофалба никој нема да ми ја зе­ме во краиштата ахајски. А зошто? Затоа ли што не ве са­кам? Бог знае! Но, она што го правам, ќе го пра­вам и понатаму за да не им дадам повод на оние, кои бараат повод, па да се изед­начат со нас во она за кое се фалат. Зашто таквите луѓе се лажни апостоли, лукави работници, кои се препра­ваат во Христови апостоли. И не е за чудење! Па и самиот сата­на се преправа во ангел на светлината; па затоа и не е големо нешто ако и служителите негови се преправаат како слуги на правдата; но нивниот крај ќе им биде според делата нивни.

2 Коринтјаните 11:1-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Се надевам дека ќе ме истрпите, дури и ако не зборувам мошне мудро. Ве молам, истрпете ме! Љубоморен сум на вас, онака како што е љубоморен и Бог! Ве ?свршив‘ за еден Свршеник, за Христос, за да ве доведам кај Него чисти како девица, но се плашам вашите умови да не бидат заведени и да не отстапите од вашата целосна и чиста посветеност на Христос. Се плашам да не бидете измамени онака како што змијата со итрина ја измами Ева. Ние ви проповедаме за Исус, и вие го примивте Светиот Дух и ја прифативте Радосната вест. Но сега дозволувате да ви проповедаат за некаков друг Исус, за примање на некаков друг дух и за прифаќање на некаква друга порака! Јас не се сметам за помалку вреден од тие ?супер апостоли‘. Ако и не сум толку вешт говорник, моето знаење не е ништо помало од нивното. Тоа на сите полиња ви го докажавме, и тоа јавно, пред сите. Згрешив ли што бесплатно ви ја проповедав Радосната вест, понижувајќи се себеси за вас да ве издигнам? Додека работев кај вас, добивав издршка од другите цркви. Живеев на нивни товар, за да ви служам вам. Никого од вас не обременував кога запаѓав во скудност. За моите потреби се погрижија браќата од Македонија. Внимавав, а и понатаму ќе внимавам, никому од вам да не му бидам на товар. Како што цврсто ја имам вистината за Христос во себе, така цврсто ви велам дека никој не ќе може да ме спречи со гордост да зборувам за ова по цела Ахаја! Зошто го велам ова? Зар затоа што не ве сакам? Бог знае дека искрено ве сакам. Ќе продолжам и во иднина да работам онака како што работев и досега, за да не им дадам можност на тие други ?апостоли‘ да се изедначуваат со нас и да се фалат дека се исти како нас. Тие се лажни апостоли! Се служат со измами и се преправаат во апостоли на Христос. Немојте да се чудите на ова! И самиот Сатана може да се преправа во ангел на светлината! Тогаш не е необично ако и неговите слуги се преправаат во службеници на праведноста. Но на крајот тие ќе си ја добијат казната што ја заслужиле со своите зли постапки.

2 Коринтјаните 11:1-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Ох, кога би сте можеле да истрпите малку безумие од моја страна! Но, вие и ме трпите! Зашто, ревнувам за вас со Божја ревност; бидејќи ве свршив со еден маж, за да ве приведам како чиста девица пред Христа. Но се плашам, како што змијата ја измами Ева со своето лукавство, така и вашите мисли да не се одвратат од простодушноста и од чистата верност во Христа. Зашто, ако некој дојде да ви проповеда друг Исус, кого ние не го проповедавме; или ако примате друг дух, кого не го примивте; или друго евангелие, кое не сте го примиле, вие сепак би сте го трпеле тоа. Имено, мислам дека во ништо не сум помал од најпрвите апостоли. Ако сум и невешт во говорот, не сум во знаењето, тоа ви го покажавме во сѐ и сешто. Грев ли сторив понижувајќи се самиот, за да ве издигнам вас, кога без награда ви го проповедав Божјото Евангелие? Ограбив други цркви, примајќи од нив плата, за да ви служам вам. И кога бев при вас, и кога бев во беда, никому не му бев на товар; зашто за моите потреби дадоа браќата, кои дојдоа од Македонија. И се пазев во сѐ, и ќе се пазам, да не ви бидам товар. Христовата вистина е во мене, и оваа пофалба за мене нема да биде ограничена во ахајските краишта! Зошто? Затоа ли што не ве љубам? Бог знае! А она што го правам, ќе го правам и во иднина, за да го пресечам поводот на оние, кои бараат повод, за да се покажат како нас во она во што се фалат. Зашто таквите луѓе се лажни апостоли, измамливи работници кои се преправаат во Христови апостоли. И не е чудно, зашто самиот сатана се преправа во ангел на светлината. Тогаш, не е ништо големо, ако и неговите слуги се преправаат во слуги на правдата. Но нивниот крај ќе им биде според нивните дела.