2 Летописи 22:7-9
2 Летописи 22:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тоа беше од Бога за пропаст на Охозија, затоа што тој дојде кај Јорам; зашто, откако дојде, излезе со Јорам против Јуј, синот Нимшиев, кого Господ го беше помазал за истребување на домот Ахавов. Кога Јуј извршуваше суд над домот Ахавов, ги најде началниците јудејски и синовите на Ахазиевите браќа, кои му служеа на Охозија, и ги уби. Тогаш заповеда да го бараат Охозија; го фатија, кога се криеше во Самарија; го доведоа кај Јуј, го убија и го погребаа, зашто велеа: тој е син на Јосафат, кој Го бараше Господа со сето срце свое! И не остана во домот Ахазиев никој, кој би можел да царува.
2 Летописи 22:7-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но Бог направи таа посета на Јорам да му биде за пропаст на Охозиј. Откако дојде, излезе со Јорама против Нимсиевиот син Јуј, кого Господ го помаза за да ја откорне Ахавовата куќа. Додека ја извршуваше одмаздата на Ахавовиот дом, Јуј ги најде јудејските кнезови и синовите на Охозиевите браќа, кои му служеа на Охозиј, и ги погуби, а тогаш тргнаа во потрага по Охозиј. Го фатија додека се криеше во Самарија, го доведоа кај Јуја, кој го уби. Го закопаа, зашто рекоа: „Син е на оној Јосафат, кој Го бараше Господа со сето срце.“ Така не остана никој од Охозиевиот дом, кој би имал сила за да биде цар.