2 Летописи 15:1-7
2 Летописи 15:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш Духот Божји слезе врз Азарија, син Одедов. Тој излезе да го пресретне Аса и сите Јудејци и Венијаминовци, и им рече: „Послушајте ме, Аса и сите Јудејци и Венијаминовци: Господ е со вас, кога сте вие со Него; и ако Го барате, ќе Го најдете; ако, пак, Го оставите, и Тој ќе ве остави. Долго време Израел беше без вистински Бог, без свештеник да поучува, и без закон; но кога во притеснетоста своја се обрати кон Господ, Бог Израелов, Го побара и Го најде. Во тие времиња немаше мир ни за оние што излегуваа, ни за оние што влегуваа; зашто имаше голема збрка меѓу сите жители земни; народ се биеше со народ, и град со град, затоа што ги потресе Бог со секакви неволји. Но вие држете се цврсто, и рацете ваши да не ослабуваат, зашто ќе има награда за делата ваши.“

2 Летописи 15:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш Божјиот Дух слезе на Одидовиот син Азариј. Тој излезе пред Аса и му рече: „Чујте ме, Асо и сето Јудино и Венијаминово племе! Господ е со вас, зашто вие сте со Него; и ако го барате, ќе Го најдете; ако Го оставите, и Тој ќе ве остави вас. Долго Израелците беа без вистинскиот Бог и без свештеник - учител и без Закон. Кога во неволја Му се обратија на Господа, на Израелевиот Бог, и почнаа да Го бараат, Го најдоа. Во тоа време никој не можеше ни да излегува ни да доаѓа, зашто големи немири владееја меѓу сите земни жители. Народ удираше против народ, град против град, зашто Господ ги смути со секаква неволја. Но вие бидете храбри, и рацете нека не ви ослабат, зашто има награда за вашите дела.“