1 Тимотеј 5:16-18
1 Тимотеј 5:16-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ако некоја христијанка има роднини што се вдовици, нека им помага, а не да ги остава на товар на црквата, која треба да им помага на оние вдовици за кои нема кој да се грижи. Старешините на црквата што добро си ја вршат работата заслужуваат да добиваат двојно поголема плата, посебно ако проповедаат и поучуваат. Така вели и Светото Писмо: „Не врзувајте му ја муцката на добичето што врши жито“, и „Секој што работи, заслужува да добие и плата.“
1 Тимотеј 5:16-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ако некој верник или верничка има во куќата вдовици, нека се грижи за нив, за да не се товари Црквата, па да може да пригледува вистински вдовици. А свештениците, што добро ја извршуваат својата управителска служба, нека се удостојуваат со двојна почит; а најмногу, пак, оние кои се трудат во словото и во поуката. Зашто Писмото вели: „Не заврзувај уста на вол кој врши“, и: „Работникот ја заслужува својата плата.“
1 Тимотеј 5:16-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ако некој верен или верна има вдовици, нека ги помага, и нека не биде оптеретувана црквата, за да може да им помага на оние кои се вистински вдовици. На старешините, кои управуваат добро, треба да им се укажува двојна чест, особено на оние кои се трудат во словото и поучуваат. Зашто Писмото вели: „Не заврзувај му ја устата на волот што врши!“ и „Работникот ја заслужува својата плата.“