Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 ТИМОТЕЈА 5

5
Практични совети
1Не укорувај строго постар човек, туку опоменувај го како татко, помладите како браќа, 2постарите жени како мајки, помладите како сестри со секаква чистота. 3Почитувај ги вдовиците, кои се вистински вдовици. 4Ако некоја вдовица има деца или внучиња, тие нека научат прво да покажат побожност кон своето семејство, и да им враќаат на своите родители, зашто тоа е добро и угодно пред Бога. 5А која е вистинска вдовица и останала сама, таа ја ставила својата надеж во Бога и е постојана деноноќно во просби и молитви. 6А онаа која живее сладострасно, жива е умрена. 7Пренеси го и ова: да бидат непорочни. 8Ако некој не се грижи за своите, особено за домашните, се одрекол од верата и е полош од оној кој не верува.
9Во вдовичкиот список да се запишува таква вдовица, која не е помлада од шеесет години, која била жена на еден маж, 10која има сведоштво за добри дела; ако ги одгледала децата, ако била гостољубива, ако им ги миела нозете на светите, ако им помагала на страдалниците; и ако одела по секое добро дело. 11А помлади вдовици не примај, зашто кога ќе ги привлече насладата, спротивно на Христа, сакаат да се мажат, 12со што навлекуваат врз себе осуда, зашто отстапиле од првото убедување. 13А освен тоа, бидејќи се без работа, свикнуваат да одат по куќите. И не само без работа, туку се и зборлести и љубопитни, и зборуваат што не треба. 14И така, сакам младите вдовици да се мажат, да раѓаат деца, да водат домаќинство, за да не му даваат на противникот никаков повод за хулење. 15Имено, некои веќе застраниле и тргнале по сатаната. 16Ако некој верен или верна има вдовици, нека ги помага, и нека не биде оптеретувана црквата, за да може да им помага на оние кои се вистински вдовици.
17На старешините, кои управуваат добро, треба да им се укажува двојна чест, особено на оние кои се трудат во словото и поучуваат. 18Зашто Писмото вели: „Не заврзувај му ја устата на волот што врши!“ и „Работникот ја заслужува својата плата.“ 19Не примај обвинение против старешина, освен по изјава на двајца или тројца сведоци. 20Оние кои грешат изобличи ги пред сите, за да имаат и другите страв. 21И те заколнувам пред Бога, и пред Христа Исуса, и пред избраните ангели, да го пазиш ова без предрасуди и да не правиш ништо по пристрасност! 22Не полагај раце пребрзо на никого, не учествувај во туѓи гревови! Пази се чист себеси! 23Не пиј веќе само вода, туку земај по малку вино, заради твојот желудник и честите боледувања. 24Гревовите на некои луѓе се видливи и одат на суд пред нив, а на некои одат по нив. 25Исто така и добрите дела се видливи, а и кои не се, не можат да се скријат.

Селектирано:

1 ТИМОТЕЈА 5: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност