1 Солуњаните 2:17-20
1 Солуњаните 2:17-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Драги пријатели! Колку многу ни недостасувате, колку желно сакаме пак да ги видиме вашите лица, иако само кратко време сме одвоени од вас, се разбира физички, но не и во нашите мисли. Сакавме да дојдеме кај вас. Јас, Павле, не еднаш се обидов, но Сатаната не спречи. Конечно, што ни дава надеж и радост, со каков венец ние ќе се гордееме? Тоа сте вие! Кога нашиот Господ Исус повторно ќе дојде, ние со вас ќе се гордееме и ќе се радуваме. Вие сте нашата слава и радост.
1 Солуњаните 2:17-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А ние, браќа, откако бевме одвоени од вас за кратко време, далеку од очи, но не и од срце, со уште поголема желба се грижевме да ве видиме. Поради тоа, ние, а најмногу јас, Павле, неколкупати посакавме да дојдеме кај вас; но нѐ попречи сатаната. Зашто, кој е нашата надеж или радост, или венец за пофалба? Та не сте ли вие пред нашиот Господ Исус Христос при Неговото доаѓање? Да, вие сте нашата слава и радост!
1 Солуњаните 2:17-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А ние, браќа, кога останавме без вас со лицето, а не со срцето, настојувавме уште повеќе, со голем копнеж, да го видиме вашето лице. Затоа сакавме да дојдеме при вас; и јас Павле не само еднаш, туку двапати, но сатаната нѐ спречи. Зашто, кој е наша надеж, или радост, или венец, за пофалба? Та не сте ли вие пред нашиот Господ Исус при Неговото доаѓање? Да, вие сте наша слава и наша радост.