Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Солуњаните 2

2
Мисионерската дејност на Павле во Солун
1 # 1,5.9 Вие сами знаете, браќа, дека на­шето доаѓање кај вас не беше залудо; 2#Дела 16,19-24; 17,1-5; Рим 1,1; Фил 1,30напротив, откако пострадавме и бев­ме поругани во Филипи, како што зна­ете, ние се охрабривме во нашиот Бог да ви Го проповедаме Божјото Еван­ге­лие со тешка борба. 3Зашто нашиот поттик не произлегува ни од заблуда, ниту од нечисти побуди, ниту од лукавство, 4#Ер 11,20; Пс 7,9; 2 Кор 5,9; Гал 1,10; Ефес 3,7; 1 Тим 1,11туку, како што Бог нѐ удостои да ни Го довери Евангелието, така и зборува­ме – не за да им угодуваме на луѓето, ту­ку на Бога, Кој ги испитува срцата на­ши. 5#2,10; Дела 20,33; Рим 1,9; 2 Птр 2,3Зашто никогаш не сме се послужиле со ласкави зборови, како што знаете; ниту со помисли за корист: Бог е сведок! 6#Јн 5,41.44И не баравме слава од луѓе – ниту од вас, ниту од други, 7#Гал 4,19иако можевме и да се наметнеме ка­ко Христови апостоли. Но сепак ние бев­ме меѓу вас така нежни, како што се од­несува мајката кога ги дои своите де­ца. 8#Јн 15,13; Рим 9,3; 2 Кор 12,15Така полни со љубов кон вас, бевме готови да ви го предадеме не само Еван­гелието Божјо, туку и душите свои, зашто ни станавте драги. 9#4,11; Дела 18,3; 20,33-35; 1 Кор 4,12Спомнете си браќа за нашиот труд и ма­ка: работејќи дење и ноќе за да не му додеваме никому од вас, ние ви Го про­поведавме Евангелието Божјо. 10#4,11; 2 Сол 3,7-9Сведоци сте вие, како и Бог, дека свето, праведно и беспрекорно постапувавме пред вас, кои верувате. 11#1 Кор 4,15Зашто знаете дека секого од вас, како татко децата свои, 12#Мт 4,17; Ефес 4,1; Фил 1,27; 2 Сол 1,5; 1 Птр 5,10ние го поттикнувавме и утешувавме и преколнувавме да живее достојно за Бога, Кој ве повикал во Своето царство и слава.
Пофалување на верата на Солуњаните
13 # 1,2; Мк 4,16; Дела 11,1; Рим 11,16; Гал 1,11; 2 Сол 2,13; Евр 4,12 Затоа и непрестано Му благодариме на Бога, зашто, откако го при­мив­те словото Божјо од нас, го примивте не како слово човечко, туку – како што е – слово Божјо, кое и дејствува во вас, кои верувате. 14#1,6; Дела 17,5.13; Гал 1,22Вие, браќа, станавте подржаватели на Божјите цркви во Христос Исус, што се во Јудеја, бидејќи и вие исто така претрпевте од своите сонародници, како и оние од Јудејците 15#Лк 24,20; Мк 10,34; Дела 2,23; 7,52; 13,45.50; 14,2.5.19што ги убија Господ Исус и проро­ците, и нас нѐ избркаа, и на Бога не Му угодија, и на сите луѓе им се противат; 16#1,10; 1 Мојс 15,16; Мт 23,32-33; Рим 1,18тие што ни пречат да им зборуваме на незнабошците, за да се спасат и со тоа секогаш ги дополнуваат гревовите свои; но гневот ги достигна на крај.
Павле посакува повторно да ги види Солуњаните. Испраќањето на Тимотеј
17 # 3,10; Рим 1,10-11; 1 Кор 5,3; Кол 2,1.5 А ние, браќа, откако бевме одвоени од вас за кратко време, далеку од очи, но не и од срце, со уште поголема жел­ба се грижевме да ве видиме. 18#2 Сол 2,7.9Поради тоа, ние, а најмногу јас, Павле, неколкупати посакавме да дој­деме кај вас; но нѐ попречи сатаната. 19#3,13; 5,23; Ез 16,12; Мт 16,27; 1 Кор 9,25; 15,23; Фил 2,16; 4,1Зашто, кој е нашата надеж или ра­дост, или венец за пофалба? Та не сте ли вие пред нашиот Господ Исус Хрис­тос при Неговото доаѓање? 20#2 Кор 1,14; Фил 4,1Да, вие сте нашата слава и радост!

Селектирано:

1 Солуњаните 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност