1 Солуњаните 2:10-12
1 Солуњаните 2:10-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Вие и Бог сте ни сведоци дека нашето поведение спрема вас христијаните беше искрено, праведно и беспрекорно. Знаете дека спрема секого од вас се однесувавме онака како што татко се однесува спрема своите деца. Ве охрабрувавме, ве утешувавме и ве поттикнувавме да живеете онака како што прилега за Бог, Кој ве повикува да станете дел од Неговото царство и да учествувате во Неговата слава.
1 Солуњаните 2:10-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Сведоци сте вие, како и Бог, дека свето, праведно и беспрекорно постапувавме пред вас, кои верувате. Зашто знаете дека секого од вас, како татко децата свои, ние го поттикнувавме и утешувавме и преколнувавме да живее достојно за Бога, Кој ве повикал во Своето царство и слава.
1 Солуњаните 2:10-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Вие сте сведоци и Бог, како свето, праведно и беспрекорно се однесувавме кон вас, кои верувате. Како што знаете, ние секого од вас поединечно, како татко своите деца, го бодревме и советувавме, и ви сведочевме да живеете достојно за Бога, Кој ве повикува во Своето Царство и слава.