Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 8:4-9

1 Самоилова 8:4-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тогаш се собраа сите старешини Израелови, дојдоа кај Самоил во Рама и му рекоа: „Ете, ти остаре, а сино­вите твои не одат по твоите патишта. Затоа постави ни цар, кој ќе ни суди, како што е кај другите народи.“ Овие зборови не му беа пријатни на Самоил, кога рекоа: „Дај ни цар, кој ќе ни суди.“ И Самоил Му се помоли на Господ. А Господ му рече на Самоил: „Послушај го гласот на народот за сѐ што ти говорат. Зашто тие не те отфрлија тебе, туку Ме отфрлија Мене за да не царувам над нив. Како што постапуваа со Мене, од оној ден кога ги изведов од Египет, до денес кога Ме оставија и почнаа да им служат на други богови, така постапуваат и со тебе. Затоа, сега послушај го гласот нив­ни! Само свечено опомени ги и објави им ги правата на царот што ќе царува над нив.“

1 Самоилова 8:4-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Тогаш се собраа сите израелски старешини и дојдоа кај Самоила, во Рама. И му рекоа: „Ете ти остаре, а твоите синови не одат по твоите стапки. И така, постави ни цар да владее над нас, како што е тоа кај сите народи.“ Ама на Самоила не му беше мило дека рекоа: „Дај ни цар да владее над нас!“ Затоа Самоил Му се помоли на Господа. А Господ му рече на Самоила: „Послушај го гласот на народот во сѐ што бараат од тебе, зашто не те отфрлија тебе, туку Ме отфрлија Мене, не сакајќи Јас да царувам над нив. Сѐ што Ми правеа Мене, од оној ден кога ги изведов од Египет па до денешниот ден - Ме оставија Мене и им служеа на туѓи богови - тие ти прават така и тебе. И така, сега послушај го нивното барање, но опомени ги свечено и поучи ги за правата на царот, кој ќе владее над нив.“