Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 8:1-7

1 Самоилова 8:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А кога Самоил остаре, ги постави своите синови за судии над Израел. Името на неговиот првороден син беше Јоил, а името на вториот син негов – Авија; тие беа судии во Вирса­вија. Но синовите негови не одеа по неговите патишта, туку се впуштија во користољубие, земаа подароци и судеа криво. Тогаш се собраа сите старешини Израелови, дојдоа кај Самоил во Рама и му рекоа: „Ете, ти остаре, а сино­вите твои не одат по твоите патишта. Затоа постави ни цар, кој ќе ни суди, како што е кај другите народи.“ Овие зборови не му беа пријатни на Самоил, кога рекоа: „Дај ни цар, кој ќе ни суди.“ И Самоил Му се помоли на Господ. А Господ му рече на Самоил: „Послушај го гласот на народот за сѐ што ти говорат. Зашто тие не те отфрлија тебе, туку Ме отфрлија Мене за да не царувам над нив.

1 Самоилова 8:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Кога Самоил остаре, ги постави своите синови за судии во Израел. Неговиот првороденец се викаше Јоил, а вториот син Авија; тие беа судии во Вирсавеа. Ама синовите не одеа по татковите стапки: гледаа на својата печалба, примаа поткуп и ја извртуваа правдата. Тогаш се собраа сите израелски старешини и дојдоа кај Самоила, во Рама. И му рекоа: „Ете ти остаре, а твоите синови не одат по твоите стапки. И така, постави ни цар да владее над нас, како што е тоа кај сите народи.“ Ама на Самоила не му беше мило дека рекоа: „Дај ни цар да владее над нас!“ Затоа Самоил Му се помоли на Господа. А Господ му рече на Самоила: „Послушај го гласот на народот во сѐ што бараат од тебе, зашто не те отфрлија тебе, туку Ме отфрлија Мене, не сакајќи Јас да царувам над нив.