Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 3:10-18

1 Самоилова 3:10-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И Господ дојде, застана и викна, како и претходно: „Самоиле! Самоиле!“ И Самоил рече: „Говори, Господи, бидејќи Твојот слуга слуша.“ И му рече Господ на Самоил: „Еве, ќе направам нешто во Израел, така што на секој што ќе слушне за тоа, ќе му заѕујат и двете уши. Во тој ден Јас ќе го исполнам над Илиј сѐ она што сум зборувал за домот негов, од почеток до крај. Јас му јавив дека ќе го казнам домот негов засекогаш заради онаа вина, што тој ја знаеше, бидејќи си­новите негови хулеа на Бога, и тој не ги запираше. И поради тоа се колнам пред домот на Илиј дека вината на Елиовиот дом нема да се избрише довека ниту со жртви, ниту со приноси.“ Самоил спиеше до утрината. Потоа стана рано и ја отвори вратата на домот Господов. Самоил се плашеше да му соопшти на Илиј за тоа видение. Но Илиј го повика Самоил и рече: „Синко Самоиле!“ Тој одговори: „Еве ме!“ И рече Илиј: „Што ти беше речено? Не криј од мене; Лошо ќе ти направи Господ, и уште повеќе ќе ти додаде, ако сокриеш од мене било нешто од сѐ што ти беше кажано!“ И Самоил му соопшти сѐ и не сокри од него ништо. Тогаш Илиј рече: „Тој е Господ; нека направи она што е добро во Неговите очи!“

1 Самоилова 3:10-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И Господ дојде и застана, и викна како порано: „Самоиле! Самоиле!“ А Самоил одговори: „Зборувај Твојот слуга Те слуша.“ Тогаш Господ му рече на Самоила: „Еве ќе направам нешто во Израел така што ќе им брчат двете уши на секој што ќе чуе. Во оној ден ќе исполнам врз Илија сѐ што реков за неговиот дом, од почеток до крај. Ти ќе му јавиш дека ја осудувам неговата куќа довека; тој знаеше дека неговите синови го хулат Бога, а не ги воздржа. Затоа му се колнам на Илиевиот дом никакви жртви ни приноси нема да ја исперат вината на Илиевиот дом довека.“ Самоил спиеше до утрото, а тогаш ја отвори вратата на Господовиот Дом. Самоил се боеше да му го каже видението на Илија. Но Илија го повика Самоила, говорејќи: „Самоиле, сине!“ А тој одговори: „Еве ме!“ И тој го праша: „Какво е словото што ти го рече? Не криј ништо од мене! Така да ти направи Бог и да ти додаде друго ако ми скриеш нешто од она што ти рекол.“ Самоил му раскажа сѐ, и ништо не притаи од него. А Илија рече: „Тој е Господ, нека прави како што Му е по волја!“