Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 3:1-14

1 Самоилова 3:1-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Момчето Самоил Му служеше на Господ под надзор на Илиј. Сло­вото Господово беше ретко во тие де­нови и немаше виденија. И се случи во она време, кога Илиј лежеше на местото свое, а очите негови беа почнале да му слабеат, и тој не можеше да гледа, и светилникот Божји уште не беше угаснал, а Самоил лежеше во храмот Господов, каде што беше ковчегот Бо­жји; Господ повика кон Самоил. Тој одговори: „Еве ме!“ И дотрча кај Илиј и рече: „Еве ме! Зошто ме викаше?“ Но тој одговори: „Јас не сум те викал; оди легни си!“ И тој отиде и си легна. Но Господ повика по вторпат кон Самоил. Тој стана и пак отиде кај Илиј и рече: „Еве ме! Ти ли ме повика?“ Но тој рече: „Јас не сум те викал, синко; оди легни си!“ Самоил дотогаш не го познаваше гласот на Господ, зашто уште не му се беше открило словото Господово. Викна Господ кон Самоил и третпат. Тој стана и отиде кај Илиј и рече: „Еве ме! Ти ли ме повика?“ Тогаш Илиј разбра дека Господ го вика момчето. И му рече Илиј на Самоил: „Оди легни си, и кога Оној што вика, ќе те повика, ти кажи: ‚Говори, бидејќи Твојот слуга слуша.‘“ И отиде Самоил и легна на местото свое. И Господ дојде, застана и викна, како и претходно: „Самоиле! Самоиле!“ И Самоил рече: „Говори, Господи, бидејќи Твојот слуга слуша.“ И му рече Господ на Самоил: „Еве, ќе направам нешто во Израел, така што на секој што ќе слушне за тоа, ќе му заѕујат и двете уши. Во тој ден Јас ќе го исполнам над Илиј сѐ она што сум зборувал за домот негов, од почеток до крај. Јас му јавив дека ќе го казнам домот негов засекогаш заради онаа вина, што тој ја знаеше, бидејќи си­новите негови хулеа на Бога, и тој не ги запираше. И поради тоа се колнам пред домот на Илиј дека вината на Елиовиот дом нема да се избрише довека ниту со жртви, ниту со приноси.“

1 Самоилова 3:1-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Младиот Самоил Му служеше на Господа под Илиево надгледување, во она време Господ ретко им зборуваше на луѓето, а виденијата не беа чести. Но еден ден Илија лежеше во својата соба - неговите очи почнаа да слабеат, та веќе не можеше да гледа. Божјиот светилник, уште не беше угаснат, и Самоил спиеше во Господовиот Храм, таму каде што беше Божјиот Ковчег. И Господ го повика: „Самоиле! Самоиле!“ А тој одговори: „Еве ме!“ И отрча кај Илија и рече: „Еве ме! Ти ме повика!“ А Илија рече: „Јас не те повикав. Врати се и спиј!“ И тој отиде и легна. И Господ пак го повика: „Самоиле! Самоиле!“ Самоил стана, отиде при Илија и му рече: „Еве ме! Ти ме повика!“ А Илија одговори: „Јас не те повикав, сине! Врати се и спиј!“ Самоил уште не го познаваше Господа, и уште никогаш не му беше објавено Господовото слово. И Господ го повика Самоила по трет пат. Тој стана, отиде кај Илија и рече: „Еве ме! Ти ме повика!“ Сега Илија разбра дека Господ го повикувал детенцето. Затоа му рече на Самоила: „Оди и легни; а ако те повика, ти речи: ‘Зборувај, Господи, твојот слуга слуша.’“ И Самоил отиде и легна на своето место. И Господ дојде и застана, и викна како порано: „Самоиле! Самоиле!“ А Самоил одговори: „Зборувај Твојот слуга Те слуша.“ Тогаш Господ му рече на Самоила: „Еве ќе направам нешто во Израел така што ќе им брчат двете уши на секој што ќе чуе. Во оној ден ќе исполнам врз Илија сѐ што реков за неговиот дом, од почеток до крај. Ти ќе му јавиш дека ја осудувам неговата куќа довека; тој знаеше дека неговите синови го хулат Бога, а не ги воздржа. Затоа му се колнам на Илиевиот дом никакви жртви ни приноси нема да ја исперат вината на Илиевиот дом довека.“