Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 24:4-8

1 Самоилова 24:4-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И дојде кај едно овчо трло крај патот. Таму имаше пештера, и Саул влезе таму по нужда; а Давид и луѓето негови седеа во дното на пештерата. И му рекоа на Давид луѓето негови: „Еве го денот, за кој ти говореше Гос­под: ‚ете, Јас ќе го предадам твојот непријател во рацете твои‘ и ќе сториш со него, она што ти е угодно.“ Давид стана и полека ја пресече полата на Сауловата горна облека. Но потоа му стана мачно на срцето Давидово, поради тоа што ја пресече полата на Сауловата облека. И им рече на луѓето свои: „Да не ми даде Господ да му го направам тоа на мојот господар, да ставам рака врз него, бидејќи тој е помазаник Господов.“ Со тие зборови ги задржа луѓето свои и не им дозволи да го нападнат Саул. А Саул стана и излезе од пеште­рата на патот.

1 Самоилова 24:4-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Одејќи дојде до овчите кошари покрај патот, таму имаше пештера, и Саул влезе за да клекне; а Давид со своите луѓе седеше во дното на пештерата. И му рекоа на Давида неговите луѓе. „Еве го денот за кој ти рече Господ: ‘Јас ќе ти го предадам твојот непријател во твоите раце, постапувај со него како што ти се сака!’“ А Давид стана и незабележливо го отсече скутот на Сауловиот плашт. Но после го печеше совеста Давида зашто го отсече скутот од Сауловиот плашт, па им рече на своите луѓе: „Да ме чува Господ да му направам такво нешто на својот господар, да кренам рака на него, зашто е Господов помазаник.“ И Давид ги укори со остри зборови своите луѓе и не им дозволи да станат против Саула. А Саул излезе од пештерата и тргна по својот пат.