И дојде кај едно овчо трло крај патот. Таму имаше пештера, и Саул влезе таму по нужда; а Давид и луѓето негови седеа во дното на пештерата. И му рекоа на Давид луѓето негови: „Еве го денот, за кој ти говореше Господ: ‚ете, Јас ќе го предадам твојот непријател во рацете твои‘ и ќе сториш со него, она што ти е угодно.“ Давид стана и полека ја пресече полата на Сауловата горна облека. Но потоа му стана мачно на срцето Давидово, поради тоа што ја пресече полата на Сауловата облека. И им рече на луѓето свои: „Да не ми даде Господ да му го направам тоа на мојот господар, да ставам рака врз него, бидејќи тој е помазаник Господов.“ Со тие зборови ги задржа луѓето свои и не им дозволи да го нападнат Саул. А Саул стана и излезе од пештерата на патот.
Прочитај 1 Самоилова 24
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Самоилова 24:4-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа