1 Самоилова 1:3-7
1 Самоилова 1:3-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И секоја година на определени денови тој човек одеше од градот свој за да Му се поклони и да Му принесе жртва на Господ Саваот во Силом; таму беа двајцата синови на Илиј: Офни и Финес, свештеници на Господ. А во денот, кога Елкана принесуваше жртва, ѝ даваше на жената своја Пенина и на сите нејзини синови и ќерки, делови од жртвата, а на Ана, пак, ѝ даваше двоен дел, зашто таа немаше деца, а и ја сакаше Ана повеќе од Пенина, иако Господ ѝ ја беше затворил утробата нејзина. Соперничката нејзина многу жестоко ја раздразнуваше за да ја натажи, поради тоа што Господ ѝ ја беше затворил утробата нејзина. Така стануваше секоја година, кога Елкана одеше во домот Господов: онаа ја раздразнуваше, а оваа плачеше и не јадеше.
1 Самоилова 1:3-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тој човек се искачуваше секоја година од својот град за да Му принесе жртва на Господа на Силите во Сило. Таму беа двајцата Илиеви синови, Офниј и Финес, како Господови свештеници. Еден ден Елкан принесе жртва. Тој обично им даваше на својата жена Фенина и на сите нејзини синови и ќерки жртвени делови, а на Ана ѝ даваше повеќе еден дел, зашто повеќе ја љубеше Ана, ама Господ ѝ ја беше затворил утробата. Покрај тоа нејзината соперница ја натажуваше, за да ја понижи зашто Господ ѝ ја беше затворил утробата. Така беше секоја година кога би поаѓале во Господовиот Дом: Фенина ја дразнеше. Затоа Ана плачеше и не сакаше да јаде.