Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 1:21-28

1 Самоилова 1:21-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И отиде мажот нејзин Елкана и целата челад негова во Силом за да Му ја принесе годишната жртва на Господ и заветите свои. Но Ана не отиде со него, велејќи му на мажот свој: „Кога ќе го одбијам детето и кога ќе порасне, тогаш ќе го одведам, и тој ќе се јави пред Господ и ќе остане таму засекогаш.“ И ѝ рече Елкана, мажот нејзин: „Прави што мислиш дека е добро. Остани додека го одбиеш. Само Господ нека го претвори во вистина зборот што излегол од твојата уста.“ И остана дома жена му и го доеше синот додека не го одби од градите. А кога го одби, отиде со него во Силом, земајќи со себе тригодишен јунец и една ефа брашно и мев со вино, па дојде во домот Господов во Силом, и детето со нив. А детето уште беше малечко. И го заклаа јунецот, а детето го доведоа кај Илиј; и рече: „О, господаре мој, се колнам во твојата душа, господаре мој! Јас сум онаа жена, која стоеше тука пред тебе и Му се молеше на Господ; за ова дете се молев, и Господ ја слушна молбата моја, за што Му се молев; и јас го предавам сега на Господ за сите денови на животот негов – нека Му служи на Господ.“ И таа Му се поклони таму на Господ.

1 Самоилова 1:21-28 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

По една година се искачи нејзиниот маж Елкан со сиот свој дом, за да Му ја принесе на Господа годишната жртва и за да го изврши заветот. Ама Ана не тргна со него, зашто му рече на својот маж: „Не ќе тргнам додека детето не се одбие од градите, а тогаш ќе го одведам да се покаже пред Господа и да остане таму засекогаш.“ И ѝ одговори Елкан, нејзиниот маж: „Прави како што мислиш дека е добро; остани додека не го одбиеш од градите; само Господ нека ти ја исполни твојата желба!“ И жената остана дома доејќи го својот син, додека не го одби од градите. Штом го одби од градите, го поведе со себе, земајќи покрај тоа тригодишен јунец, ефа брашно и мев со вино; и го воведе во Господовиот Дом, во Сило. А детенцето беше уште многу младо. Тогаш го заклаа јунецот, а мајката на детето му пристапи на Илија. И Ана рече: „Дозволете, господару! Жив ти твојот живот, господару, јас сум онаа жена која стоеше тука крај тебе молејќи Му се на Господа. Молев за ова дете, и Господ ја послуша мојата молитва, со која го просев. Затоа и јас Му го отстапувам него на Господа за сите дни на неговиот живот: та измолен е од Господа.“ И му се поклонија таму на Господа.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност