1 Самоилова 1:15-18
1 Самоилова 1:15-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ана одговори и рече: „Не, господаре мој; јас сум жена, со длабока тага во душата; вино и жесток пијалок не сум пила, а ја изливам душата своја пред Господ. Не ја сметај слугинката своја за лоша жена, зашто поради големата жалост и поради тагата своја јас говорев досега.“ Илиј одговори и рече: „Оди си со мир, и Бог Израелов нека ја исполни молбата твоја, за што Го молеше.“ А таа одговори: „Можеби слугинката твоја ќе најде милост во твоите очи.“ И таа тргна по патот свој, и јадеше, и лицето нејзино веќе не беше тажно, како пред тоа.
1 Самоилова 1:15-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но Ана одговори и рече: „Не сум пијана, господару, туку сум голема несреќница. Не сум пила ни вино ни опоен пијалак, туку ја излевам својата душа пред Господа. Не суди ја својата слугинка како недобра жена, зашто заради тешка тага и жалост се молев толку долго.“ Тогаш Илија ѝ одговори вака: „Оди си во мир! А Израелевиот Бог нека ти ја исполни молитвата со која Го молеше.“ А таа рече: „Нека твојата слугинка најде милост во твоите очи!“ И жената си отиде по својот пат: јадеше, и лицето не ѝ беше веќе тажно како порано.