Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 1:12-18

1 Самоилова 1:12-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Додека таа се молеше долго пред Господ, Илиј ја гледаше во устата; и бидејќи Ана говореше во срцето свое, устата нејзина само се мрдаше, гласот нејзин не се слушаше, Илиј помисли дека е пијана. И ѝ рече: „До кога ќе бидеш пијана? Истрезни се од виното свое и истави се од лицето Господово.“ Ана одговори и рече: „Не, господаре мој; јас сум жена, со длабока тага во душата; вино и жесток пијалок не сум пила, а ја изливам душата своја пред Господ. Не ја сметај слугинката своја за лоша жена, зашто поради големата жалост и поради тагата своја јас го­ворев досега.“ Илиј одговори и рече: „Оди си со мир, и Бог Израелов нека ја исполни молбата твоја, за што Го молеше.“ А таа одговори: „Можеби слугинката твоја ќе најде милост во твоите очи.“ И таа тргна по патот свој, и јадеше, и лицето нејзино веќе не беше тажно, како пред тоа.

1 Самоилова 1:12-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Така таа се молеше долго пред Господа, а Илија ги набљудуваше нејзините усни. Ана зборуваше во срцето; само се помрднуваа нејзините усни, а гласот не ѝ се слушаше. Затоа Илија помисли дека е пијана. И Илија ѝ рече: „До кога ќе бидеш пијана? Отрезни се од виното што е во тебе!“ Но Ана одговори и рече: „Не сум пијана, господару, туку сум голема несреќница. Не сум пила ни вино ни опоен пијалак, туку ја излевам својата душа пред Господа. Не суди ја својата слугинка како недобра жена, зашто заради тешка тага и жалост се молев толку долго.“ Тогаш Илија ѝ одговори вака: „Оди си во мир! А Израелевиот Бог нека ти ја исполни молитвата со која Го молеше.“ А таа рече: „Нека твојата слугинка најде милост во твоите очи!“ И жената си отиде по својот пат: јадеше, и лицето не ѝ беше веќе тажно како порано.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност