Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 1:1-11

1 Самоилова 1:1-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Имаше еден човек од Рамата­им-Цофим, од Ефремовата Гора, името му беше Елкана, син на Јерохам, син на Елијуј, син на Тоху, син на Цуф, ефратец. Тој имаше две жени: едната се ви­каше Ана, а другата Пенина. Пенина имаше деца, Ана, пак, немаше деца. И секоја година на определени де­нови тој човек одеше од градот свој за да Му се поклони и да Му принесе жртва на Господ Саваот во Силом; таму беа двајцата синови на Илиј: Офни и Финес, свештеници на Господ. А во денот, кога Елкана принесуваше жртва, ѝ даваше на жената своја Пенина и на сите нејзини синови и ќерки, делови од жртвата, а на Ана, пак, ѝ даваше двоен дел, зашто таа немаше деца, а и ја сакаше Ана повеќе од Пенина, иако Господ ѝ ја беше затворил утробата нејзина. Соперничката нејзина многу жесто­ко ја раздразнуваше за да ја натажи, поради тоа што Господ ѝ ја беше затворил утробата нејзина. Така стануваше секоја година, кога Елкана одеше во домот Господов: онаа ја раздразнуваше, а оваа плачеше и не јадеше. И ѝ рече Елкана, мажот нејзин: „Ано!“ Таа му одговори: „Еве, ме гос­подаре.“ И ѝ рече: „Зошто плачеш и зошто не јадеш, и поради што е нажа­лено срцето твое? Не сум ли јас за тебе повреден отколку десет синови?“ Откако јадеа и пиеја во Силом, Ана стана и застана пред Господ. А свеш­теникот Илиј седеше на стол пред влезот во храмот Господов. Таа тажеше во душата своја и Му се молеше на Господ и горко плачеше, и даде заклетва, велејќи: „Господи, семоќни Боже Саваоте! Ако погледнеш милостиво кон понизноста на слугинката Твоја и се сетиш за мене, и не ја за­боравиш слугинката Своја и ѝ дадеш на слугинката Своја машко дете, јас ќе Му го посветам на Господ до денот на неговата смрт; и вино и жесток пијалок нема да пие и брич нема да ја допре неговата глава.“

1 Самоилова 1:1-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Беше еден човек од Раматаим, Софимец од Ефремовата Гора, по име Елкан, син Јероамов, син Еливов, син Товин, син Суфов, Ефратец. Имаше две жени: името на едната ѝ беше Ана, а на другата името ѝ беше Фенина. Фенина имаше деца, а Ана немаше. Тој човек се искачуваше секоја година од својот град за да Му принесе жртва на Господа на Силите во Сило. Таму беа двајцата Илиеви синови, Офниј и Финес, како Господови свештеници. Еден ден Елкан принесе жртва. Тој обично им даваше на својата жена Фенина и на сите нејзини синови и ќерки жртвени делови, а на Ана ѝ даваше повеќе еден дел, зашто повеќе ја љубеше Ана, ама Господ ѝ ја беше затворил утробата. Покрај тоа нејзината соперница ја натажуваше, за да ја понижи зашто Господ ѝ ја беше затворил утробата. Така беше секоја година кога би поаѓале во Господовиот Дом: Фенина ја дразнеше. Затоа Ана плачеше и не сакаше да јаде. Тогаш и рече Елкан, нејзиниот маж: „Зошто плачеш Ана? И зошто не јадеш? Зошто ти е тажно срцето? Не сум ли ти јас повреден од десет синови?“ Ама Ана стана, откако јадеа и пиеја во Сило, и стапи пред Господа - а свештеникот Илија седеше на столица на прагот на Господовиот Храм. И јадосана во душата Ана Му се помоли на Господа, плачејќи горко. И се заветува вака: „Господи над Воинствата! Ако погледнеш на неволјата на својата слугинка, и си спомниш за мене, и не ја заборавиш својата слугинка та ѝ дадеш на својата слугинка машко дете, јас ќе Му го подарам на Господа за сите денови на неговиот живот, и брич нема да помине преку неговата глава.“