1 Петар 5:2-4
1 Петар 5:2-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Затоа ве молам, како што овчарот се грижи за своето стадо, така и вие да се грижите за оние што ви се од Бога доверени. Правете го тоа од се срце, а не безволно. Грижете се за нив ревносно, заради Бог, а не од желба за печалба. Не господарете над луѓето што ви се доверени, туку бидете му пример на стадото. А кога ќе дојде Христос, Врховниот Пастир, вие ќе добиете венец што никогаш не свенува - божествена слава.
1 Петар 5:2-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
пасете го Божјото стадо, што го имате, надгледувајќи го не присилно, туку драговолно и според Бога; не заради срамна печалба, туку од сѐ срце. И не како да управувате со народот, туку давајќи му пример на стадото. А кога ќе се јави Пастироначалникот, ќе добиете венец на слава што никогаш не свенува.
1 Петар 5:2-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
пасете го Божјото стадо, кое е меѓу вас, и надгледувајте го, не со сила, туку драговолно, како што Бог сака; не од желба за срамна печалба, туку од добро срце; и не како да господарите над оние, кои ви се доверени, туку бидете му пример на стадото. И кога ќе се појави Надпастирот, ќе примите круна на слава, што не вене.