1 Петар 1:6-7
1 Петар 1:6-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Затоа треба неизмерно да се радувате, макар што, ако е неопходно, уште кратко време ќе минувате низ разни маки и искушенија. Преку нив се проверува вредноста на вашата вера. Дури и златото, кое е само од привремена полза, со оган се проверува. Вашата вера е многу повредна. Така, ако успешно ја поминете таа проверка, вие ќе добиете пофалба, слава и чест на денот кога Исус Христос ќе му се открие на целиот свет.
1 Петар 1:6-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Затоа радувајте се, макар што можеби сега ќе треба малку и да тагувате поради разновидни искушенија, та вашата вера испитана да излезе подрагоцена од нетрајното злато, кое сепак се испробува преку оган, за пофалба и чест и слава, кога ќе се појави Исус Христос
1 Петар 1:6-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во ова радувајте се, макар да сте сега за малку наскрбени, ако е потребно во разни искушенија, та вредноста на вашата вера, која е поскапоцена од пропадливото злато - кое се испитува во оган - да се покаже, за пофалба, слава и чест, при откровението на Исуса Христа