1 Петар 1:5-7
1 Петар 1:5-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
кои Божјата сила преку верата ве сочувала за спасение, приготвено да се открие во последното време. Затоа радувајте се, макар што можеби сега ќе треба малку и да тагувате поради разновидни искушенија, та вашата вера испитана да излезе подрагоцена од нетрајното злато, кое сепак се испробува преку оган, за пофалба и чест и слава, кога ќе се појави Исус Христос
1 Петар 1:5-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Божјата сила ќе ве чува се до последниот ден, бидејќи имате доверба во Него. Тогаш Бог јавно ќе го објави вашето спасение. Затоа треба неизмерно да се радувате, макар што, ако е неопходно, уште кратко време ќе минувате низ разни маки и искушенија. Преку нив се проверува вредноста на вашата вера. Дури и златото, кое е само од привремена полза, со оган се проверува. Вашата вера е многу повредна. Така, ако успешно ја поминете таа проверка, вие ќе добиете пофалба, слава и чест на денот кога Исус Христос ќе му се открие на целиот свет.
1 Петар 1:5-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
кои Божјата сила ве чува, преку верата, за спасение, подготвено да се открие во последното време. Во ова радувајте се, макар да сте сега за малку наскрбени, ако е потребно во разни искушенија, та вредноста на вашата вера, која е поскапоцена од пропадливото злато - кое се испитува во оган - да се покаже, за пофалба, слава и чест, при откровението на Исуса Христа