1 Петар 1:22-25
1 Петар 1:22-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Сега, откако и се покоривте на вистината, ги исчистивте своите души. Од тоа произлезе искрена, братска љубов меѓу вас. Затоа, сакајте се меѓусебно искрено и од се срце. Сакајте се затоа што сега сте наново родени, не од земни родители, кои би ви ја пренесле и смртта, туку од бесмртниот Родител, преку живиот и вечен Божји Збор. Светото Писмо вели: „Секој човек е како трева, а секоја човечка слава и убавина се како цвеќе во ливада; тревата се суши, цвеќето венее, само зборот Господов вечно ќе живее.“ Тој збор е Радосната вест што ви беше проповедана.
1 Петар 1:22-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Откако ги очистивте душите свои со послушност кон вистината преку Духот, за нелицемерно братољубие, сакајте се еден со друг постојано со чисто срце, како преродени не од распадливо семе, туку од вечно преку словото на живиот Бог, Кој живее во сите векови. Зашто телото е како трева, и секоја човечка слава – како цвет од трева: се исушува тревата, и цветот нејзин паѓа; но словото Господово останува засекогаш. А тоа слово е Евангелието што ви беше објавено.
1 Петар 1:22-25 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Откако преку Духот ги очистивте вашите души во послушност кон вистината, за нелицемерно братољубие; љубете се истрајно еден друг од чисто срце, зашто сте новородени не од распадливо семе, туку од нераспадливото живо и вечно Божјо слово. Зашто „секое тело е како трева, и сета нејзина слава како цвет од трева: тревата се осушува и цветот ѝ опаѓа, а Господовото слово останува довека.“ А тоа е словото, кое ви е објавено како Евангелие.