1 Петар 1:18-21
1 Петар 1:18-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Вие знаете каква цена беше платена за да бидете откупени од безвредниот начин на живеење што го имавте наследено од вашите татковци. Знаете дека не бевте откупени со сребреници и златници, кои се потрошни нешта, туку со скапоцената крв на Христос, безгрешното, совршено Божјо Јагне. Бог Него Го одбра за оваа цел уште пред создавањето на светот, но дури сега, во овие последни времиња, Го испрати на Земјата заради вас. Преку Христос вие поверувавте во Бог, во Оној што Го воскресна од мртвите и Го прослави. Затоа можете со целосна доверба да ја положите својата надеж во Бог.
1 Петар 1:18-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
знаејќи дека со пропадливо сребро или злато не сте искупени од суетниот живот, кој ви се предаде од татковците ваши, туку со скапоцената крв на непорочното и чисто Јагне – Христос, Кој беше предназначен уште пред создавањето на светот, а се јави во последно време заради вас, кои преку Него поверувавте во Бога, Кој Го воскресна од мртвите и Му даде слава, та верата ваша и надежта да ви бидат во Бога.
1 Петар 1:18-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
знаејќи дека не сте откупени со распадливи нешта, со сребро или со злато, од својот суетен живот што ви е предаден од вашите татковци, туку со скапоцената крв на Христа, како невино и чисто Јагне, Кој беше предназначен, пред создавањето на светот, а се јави на крајот на времето заради вас; кои преку Него поверувавте во Бога, Кој Го воскресна од мртвите и Му даде слава, така што вашата вера и вашата надеж да бидат во Бога.