1 Петар 1:1-2
1 Петар 1:1-2 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Од Петар, апостол на Исус Христос, до луѓето одбрани од Бог што живеат во туѓина, распрснати низ Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Битинија. Бог Таткото реши да ве одбере, а Неговиот Дух ве направи свети. Вие Го послушавте Исус Христос и сега сте попрскани со Неговата крв. Ви посакувам Бог да ви биде изобилно благонаклонет и да ви дава се подлабок мир.
1 Петар 1:1-2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Петар, апостол на Исус Христос, до повратниците распрснати по Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витанија, избрани по предзнаењето на Бог Отецот, и осветени од Духот за послушност и попрскување со крвта на Исус Христос: да ви се умножат благодатта и мирот!
1 Петар 1:1-2 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Петар, апостол на Исуса Христа, до избраните придојденици, растурени по Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витинија, според провидението на Бог Таткото, во осветувањето на Духот, за послушност и попрскување со крвта на Исуса Христа: благодатта и мирот да ви се умножи.