1 Царевите 19:9-10
1 Царевите 19:9-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И влезе таму во една пештера и ноќеваше во неа. И, ете, би кон него слово Господово, и Господ му рече: „Зошто си овде Илија?“ Тој одговори: „Пламнав од ревност за Господ, Бог Саваот, зашто Израеловите синови го оставија Твојот завет, ги разурнаа Твоите жртвеници и со меч ги убија Твоите пророци; само јас останав, но и мојата душа сакаат да ја земат.“
1 Царевите 19:9-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Таму влезе во една пештера и преноќева во неа. И ете, Господови слова дојдоа кај него: „Што бараш ти тука, Илија?“ Тој одговори: „Ревнував многу за Господа, за Бога над Воинствата, зашто Израелевите синови го напуштија Твојот Завет, ги разурнаа твоите жртвеници и ги погубија со меч Твоите пророци. Останав сам, а тие бараат и мене да ми го земат животот.“