Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 19:11-13

1 Царевите 19:11-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Гласот му рече: „Излези и застани во гората пред Господа. Еве Господ тукушто поминува.“ Пред Господа беше силен виор, толку силен што ги дробеше брдата и ги кршеше ридовите, но Господ не беше во бурниот виор; по бурниот виор беше земјотрес, ама Господ не беше во земјотресот; а по земјотресот беше оган, ама Господ не беше во огнот; по огнот шепот на лесно и благо тивко ветре. Кога Илија го чу тоа, го скри лицето со наметка, излезе, и застана при влезот во пештерата. Тогаш гласот му проговори и му рече: „Што бараш тука, Илија?“ Тој одговори: „Ревнував мошне многу за Господа над Војските, зашто Израелевите синови го напуштија Твојот Завет, ги разурнаа Твоите жртвеници и со меч ги погубија Твоите пророци. Останав сам, а тие бараат и мене да ми го одземат животот.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност