1 Царевите 17:1-7
1 Царевите 17:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И пророкот Илија, тишбеец од галаадските жители, му рече на Ахав: „Се колнам во живиот Господ, Бог Израелов, пред Кого стојам! Во овие години нема да има ниту роса, ниту дожд, освен според мојот збор.“ И потоа словото Господово дојде до Илија и му рече: „Тргни се оттука, сврти се кон исток и сокриј се кај потокот Керит, кој е спроти Јордан; од тој поток ќе пиеш, а на гавраните сум им заповедал да те хранат таму.“ И тој замина и постапи според словото Господово; отиде и остана кај потокот Керит, кој е спроти Јордан. И гавраните му носеа леб и месо наутро, леб и месо навечер; а пиеше од потокот. По извесно време потокот пресуши, бидејќи немаше дожд по целата земја.
1 Царевите 17:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тесвиецот Илија, од Галадската Тесва, му рече на Ахава: „Живиот ми Господ, Израелевиот Бог, Кому Му служам, во овие години ќе нема ни роса ни дожд, освен по моја заповед.“ Господовото слово му беше упатено вака: “Оди оттука и тргни кон исток, и скриј се при потокот Херит, што е спроти Јордан. Ќе пиеш од потокот, а на гавраните им заповедав да те хранат таму.“ Тој отиде и направи според Господовото слово, и се настани при потокот Херит, спроти Јордан. Гавраните му донесуваа леб наутро, а месо навечер; пиеше од потокот. Ама по некое време потокот пресуши, зашто немаше дожд во сета земја.