1 Царевите 16:29-33
1 Царевите 16:29-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Амвриевиот син Ахав стана цар над Израел во триесет и осмата година од владеењето на царот Аса над Јудеја, и Амвриевиот син Ахав царуваше во Самарија над Израел дваесет и две години. И Амвриевиот син Ахав правеше зло пред очите на Господ повеќе од сите свои претходници. Не беше доволно тоа што тој западна во гревовите на Наватовиот син Јеровоам, туку си ја зеде за жена Језавела, ќерката на сидонскиот цар Етбаал, и почна да му служи на Ваал и да му се поклонува; и му подигна на Ваал жртвеник во Вааловото светилиште што го беше изградил во Самарија. Ахав подигна и Ашера, а направи и други злодела, со кои Го разгневи Господ, Бог Израелов, повеќе од сите претходни израелски цареви.
1 Царевите 16:29-33 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ахав, синот Амриев, стана израелски цар во триесет и осмата година на Асиното царување со Јудеја, и владееше дваесет и две години над Израел во Самарија. Ахав, синот Амриев, правел во Господовите очи повеќе лошо од сите свои претходници. И му беше малку што одеше во гревовите на Јеровоам, синот Наватов, туку уште се ожени со Језавела, ќерката на Етвала, сидонскиот цар, и почна да му служи на Ваала и да му се клања; подигна жртвеник во Вааловиот храм што го беше изградил во Самарија. Ахав подигна и Ашера и направи и други злодела, и Го налути Господа, Израелевиот Бог, повеќе од сите израелски цареви што беа пред него.