1 Јован 1:8-10
1 Јован 1:8-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ако тврдиме дека не грешиме, самите се лажеме и одбиваме да ја прифатиме вистината. Но ако Му ги признаваме своите гревови на Бог, Тој е правичен и ќе си го одржи ветувањето: ќе ни ги прости гревовите и ќе не исчисти од сета неправедност. Ако тврдиме дека не сме грешни, Бога Го правиме лажливец и покажуваме дека Неговото Слово не навлегло во нас.
1 Јован 1:8-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во нас. Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да нѐ очисти од секаква неправда. Ако, пак, речеме дека не сме згрешиле, Него Го правиме лажливец, и словото Негово не е во нас.
1 Јован 1:8-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ако речеме дека немаме грев се измамуваме сами себе, и вистината не е во нас. Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нѐ очисти од секоја неправда. Ако речеме дека не сме згрешиле Него Го правиме лажец, и Неговото слово не е во нас.