Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Јован 1

1
1Ви пишуваме за Исус Христос, Зборот на животот, Оној што постои уште од самиот почеток. Со свои уши Го слушнавме, со свои очи Го видовме, со свои раце Го допревме.
2Оној што дава живот се појави! Го видовме и подготвени сме да ви сведочиме за тоа. Сакаме да ви кажеме за овој вечен Живот што беше со небесниот Татко и се појави пред нас.
3Ви го кажуваме она што го видовме и чувме, за да ни се придружите и вие во општењето што го имаме со Таткото и со Неговиот Син, Исус Христос.
4Ви го пишуваме ова, за да биде целосна нашата радост.
5Ова е пораката што ја слушнавме од Исус и ви ја пренесуваме: Бог е светлина. Во Него нема ни трошка темнина.
6Ако кажеме дека општиме со Бог, а живееме во темнина, лажеме и не се придржуваме до вистината.
7Но ако живееме во светлина, како што и Бог е во светлина, тогаш навистина ќе општиме еден со друг, а крвта на Божјиот Син, Исус Христос, ќе не исчистува од секој грев.
8Ако тврдиме дека не грешиме, самите се лажеме и одбиваме да ја прифатиме вистината.
9Но ако Му ги признаваме своите гревови на Бог, Тој е правичен и ќе си го одржи ветувањето: ќе ни ги прости гревовите и ќе не исчисти од сета неправедност.
10Ако тврдиме дека не сме грешни, Бога Го правиме лажливец и покажуваме дека Неговото Слово не навлегло во нас.

Селектирано:

1 Јован 1: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност