1 Јован 1:5-7
1 Јован 1:5-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ова е пораката што ја слушнавме од Исус и ви ја пренесуваме: Бог е светлина. Во Него нема ни трошка темнина. Ако кажеме дека општиме со Бог, а живееме во темнина, лажеме и не се придржуваме до вистината. Но ако живееме во светлина, како што и Бог е во светлина, тогаш навистина ќе општиме еден со друг, а крвта на Божјиот Син, Исус Христос, ќе не исчистува од секој грев.
1 Јован 1:5-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А известувањето, пак, што го чувме од Него и вам ви го предаваме, е тоа дека Бог е светлина, и во Него нема никаква темнина. Ако речеме дека со Него имаме заедништво, а одиме во темнина, тогаш лажеме и не постапуваме според вистината. А ако, пак, во светлина одиме, како што е Тој самиот во светлина, тоа значи дека ние еден со друг имаме заедништво, и крвта на Исус Христос, Неговиот Син, нѐ очистува од секаков грев.
1 Јован 1:5-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И ова е веста што ја чувме од Него и што ви ја јавуваме вам: Бог е светлина и во Него нема никаква темнина. Ако речеме дека имаме заедништво со Него, а одиме во темнина, лажеме и не ја вршиме вистината. Ако пак одиме во светлина, како што е Тој Самиот во светлина, имаме заедница еден со друг, и крвта на Неговиот Син Исуса Христа нѐ очистува од секој грев.