1 Коринтјаните 7:4-6
1 Коринтјаните 7:4-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Телото на жената не е само нејзино, туку му припаѓа и на нејзиниот сопруг. Исто така и телото на мажот не е само негово, туку и на неговата сопруга. Затоа, не лишувајте се еден од друг, освен, по исклучок, ако така заедно се договорите, и тоа нека биде само за извесно време и со цел да се посветите на молитва. Потоа вратете се на нормалниот интимен живот, за да не ве наведе на искушение Сатаната, користејќи ја вашата невоздржливост. Ова ви го кажувам како нешто што е дозволено, а не како заповед.
1 Коринтјаните 7:4-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Жената не е господарка на телото свое, туку мажот; исто така и мажот не е господар на телото свое, туку жената. Не лишувајте се еден од друг – освен по договор за некое време, за да ѝ се посветите на молитвата и пак да бидете заедно за да не ве напаствува сатаната, поради вашето невоздржување. Ова, пак, ви го велам како допуштање, а не како заповед.
1 Коринтјаните 7:4-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Жената нема власт над своето тело, туку мажот; исто така и мажот нема власт над своето тело, туку жената. Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време, за да ѝ се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност. Ова ви го велам како дозвола, а не како заповед.