1 Коринтјаните 6:12-14
1 Коринтјаните 6:12-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Некои од вас велат: „Имам слобода да правам што сакам!“ Да, но не е се полезно! Иако имам слобода да правам што сакам, нема да дозволам да робувам на нешто. Велите: „Храната е наменета за стомакот, а стомакот за храната!“ Да, но еден ден Бог ќе ги уништи и стомакот и храната. Телото не постои со него да правиме блуд. Нашите тела Му припаѓаат на Господ, зашто Господ ги создал. Бог ќе ги воскресне и нашите тела со истата моќ со која Го воскресна и нашиот Господ.
1 Коринтјаните 6:12-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Сѐ ми е допуштено!“ Но не е сѐ полезно: „Сѐ ми е допуштено!“ Но ништо не сакам да завладее над мене. Храната е за стомакот, а стомакот за храната; но Бог и неа и него ќе ги уништи. Телото, пак, не е за блудство, а за Господ, а Господ – за телото. А Бог и Господ Го воскресна, и нас ќе нѐ воскресне со силата Своја.
1 Коринтјаните 6:12-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Сѐ ми е дозволено, но не е сѐ полезно. Сѐ ми е дозволено, но не сакам нешто да завладее над мене. Храната е за стомакот, а стомакот за храната; Бог ќе ги уништи и едното и другото. А телото не е за блудство, туку за Господа, и Господ за телото; а Бог, Кој Го воскресна Господа, ќе нѐ воскресне и нас со Својата сила.