1 Коринтјаните 4:14-17
1 Коринтјаните 4:14-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Не ви го пишувам ова за да ве посрамам, туку да ве посоветувам како мои мили деца. Дури и да имате десет илјади учители што ќе ве поучуваат за Христос, имате само еден духовен татко. Јас ви ја донесов Радосната вест за Исус Христос и така станав ваш духовен татко. Затоа ве молам да го следите мојот пример. За таа цел го испратив кај вас Тимотеј. Тој е мое драго чедо и верен служител на Господ. Тој ќе ве потсети за она што јас го проповедам за Исус Христос по сите цркви каде што одам.
1 Коринтјаните 4:14-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но ова ви го пишувам не за да ве посрамам, туку да ве вразумам како мои возљубени чеда. Зашто, ако имате и десетина илјади учители во Христос Исус, сепак немате многу татковци, бидејќи јас ве родив во Исус Христос преку Евангелието. Затоа, ве молам, бидете мои подражаватели, како што сум јас на Христос! Браќа, затоа го пратив кај вас Тимотеј, кој ми е возљубено и верно чедо во Господ; тој ќе ви ги напомни патиштата мои во Христос, како што учам насекаде и во секоја црква.
1 Коринтјаните 4:14-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Не го пишувам ова за да ве засрамам, туку за да ве предупредам како свои возљубени чеда, зашто, ако имавте и десет илјади воспитувачи во Христа; сепак немате многу татковци, зашто јас ве родив во Христа Исуса преку Евангелието. Затоа, ве молам подражавајте ме мене. Затоа и го испратив при вас Тимотеја, моето возљубено и верно чедо во Господа. Тој ќе ви ги напомни моите патишта во Христа, како што ги учам насекаде, и во секоја црква.