Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 4

4
1Мене и Аполос треба да не сметате за Христови служители на кои им е доверено да раководат со Божјите тајни.
2А од секој раководител се бара верно да ги извршува поставените задачи.
3Малку ми значи вашата оценка за мене, или оценката од други луѓе. Јас дури ни самиот не се оценувам.
4Навистина, совеста ми е чиста, но и тоа не е доволно за да ме оправда. Господ е Тој што ќе ме оценува.
5Затоа, за ништо не донесувајте конечен суд предвреме, пред да дојде Господ. Тој ќе го изнесе на виделина она што за нас е скриено и невидливо и ќе ги обелодени мотивите на секое срце. Тогаш Бог секого ќе го пофали толку колку што заслужил.
6Драги пријатели, се посочив себеси и Аполос како пример, за да научите што значи поговорката: „Ништо повеќе од она што е напишано во Светото Писмо!“ Не треба да се вообразите, приклонувајќи се кон еден од нас, а понижувајќи го другиот.
7Што ти дава за право да се сметаш за повреден од другите? Што е тоа што го имаш, а да не си го добил од Бога? А ако тоа што го имаш си го добил од Бога, зошто се фалиш со тоа? Зар не се работи за подарок?
8Веќе се заситивте, се збогативте, и без нас си создадовте свое царство. Камо навистина да создадевте царство, па и ние ќе можевме да владееме заедно со вас!
9Понекогаш ми се чини дека нас апостолите Бог не поставил последни, како осуденици на смрт, јавно изложени на приказ пред целиот свет - и пред ангелите и пред луѓето!
10Нас не сметаат за глупави, поради посветеноста спрема Христос, а вас верата во Христос ве направи мудри. Ние сме слаби и понижени, а вие сте моќни и почитувани.
11Се до овој миг ние сме и гладни и жедни, во партали, тепани, без постојано место на живеење.
12Работиме до изнемоштеност и се издржуваме од трудот на сопствените раце. Луѓето не навредуваат, а ние ги благословуваме. Не прогонуваат, а ние трпеливо поднесуваме.
13Не напаѓаат, а ние одговараме со љубезни зборови. Се однесуваат спрема нас како да сме отпадок, како смет исфрлен од сите, се до денешен ден.
14Не ви го пишувам ова за да ве посрамам, туку да ве посоветувам како мои мили деца.
15Дури и да имате десет илјади учители што ќе ве поучуваат за Христос, имате само еден духовен татко. Јас ви ја донесов Радосната вест за Исус Христос и така станав ваш духовен татко.
16Затоа ве молам да го следите мојот пример.
17За таа цел го испратив кај вас Тимотеј. Тој е мое драго чедо и верен служител на Господ. Тој ќе ве потсети за она што јас го проповедам за Исус Христос по сите цркви каде што одам.
18Некои од вас мислат дека јас никогаш веќе нема да дојдам во вашата црква, па се поставија на високо.
19Но, ако даде Господ, наскоро ќе дојдам и ќе видам колку се силни оние што се креваат на големо, не на зборови, туку на дело.
20Зашто Божјото царство не е празни зборови. Тоа е сила!
21Што сакате: да дојдам кај вас со стап, или со љубов и со кроток дух!?

Селектирано:

1 Коринтјаните 4: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се