1 Коринтјаните 15:54-57
1 Коринтјаните 15:54-57 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога нашите распадливи тела ќе се преобразат во нераспадливи, и смртното ќе стане бесмртно, тогаш ќе се исполни она што е напишано во Светото Писмо: “Смртта е уништена и победата е целосна!“ „О, смрт, каде е твојата победа? О, смрт, каде е твоето осило?“ Гревот е осилото на смртта, а силата на гревот почива врз одредбите на Божјиот Закон. Но Бог ни даде победа над гревот и смртта преку нашиот Господ Исус Христос и треба да Му бидеме многу благодарни за тоа.
1 Коринтјаните 15:54-57 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А кога ова распадливо ќе се облече во нераспадливост, и она смртното – во бесмртност, тогаш ќе се збидне зборот напишан: „Победата ја проголта смртта.“ „О, смрт, каде ти е осилката? О, смрт, каде ти е победата?“ Осилото на смртта е гревот, а силата на гревот е Законот. Да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос.
1 Коринтјаните 15:54-57 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога, ова, распадливото ќе се облече во нераспадливост; и, ова, смртното ќе се облече во бесмртност, тогаш ќе се збидне напишаното слово: „Победата ја проголта смртта. Смрт, каде ти е победата? Смрт, каде ти е осилото?“ Осилото на смртта е гревот; а силата на гревот е законот. Но, фала Му на Бога, Кој ни даде победа преку нашиот Господ Исус Христос.