Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 15:50-58

1 Коринтјаните 15:50-58 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Драги мои, она што сакам да ви го кажам е дека телата од крв и месо не можат да го наследат Божјото царство. Тие се распадливи тела и како такви не можат да бидат жители на Божјото царство. Ќе ви откријам една тајна: сите нема да доживееме физичка смрт, но сите ќе бидеме преобразени. Тоа ќе се случи брзо, за еден миг на окото. Кога ќе се огласи последната труба, починатите Христови следбеници ќе бидат воскреснати во бесмртни тела, а ние што сме живи ќе бидеме преобразени исто така во бесмртни тела. Неопходно е нашите распадливи тела да се преобразат во нераспадливи, и тоа што е смртно да се преобрази во бесмртно. Кога нашите распадливи тела ќе се преобразат во нераспадливи, и смртното ќе стане бесмртно, тогаш ќе се исполни она што е напишано во Светото Писмо: “Смртта е уништена и победата е целосна!“ „О, смрт, каде е твојата победа? О, смрт, каде е твоето осило?“ Гревот е осилото на смртта, а силата на гревот почива врз одредбите на Божјиот Закон. Но Бог ни даде победа над гревот и смртта преку нашиот Господ Исус Христос и треба да Му бидеме многу благодарни за тоа. Затоа, драги пријатели христијани, бидете цврсти и непоколебливи, секогаш подготвени да го унапредувате делото Господово, свесни дека тоа што го работите за Господ нема да биде попусто.

1 Коринтјаните 15:50-58 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А ова ви го велам, браќа, дека телото и крвта не можат да го наследат цар­ството Божјо, ниту распадливоста ја наследува нераспадливоста. Еве, тајна ви кажувам; сите нема да се упокоиме, туку сите ќе се измениме, одеднаш, за еден миг на око, на пос­ледната труба: зашто ќе затруби, и мрт­вите ќе воскреснат нераспадливо, а ние ќе се измениме; зашто распадливото треба да се об­лече во нераспадливост, а смртното – да се облече во бесмртност. А кога ова распадливо ќе се облече во нераспадливост, и она смртното – во бесмртност, тогаш ќе се збидне зборот напишан: „Победата ја проголта смртта.“ „О, смрт, каде ти е осилката? О, смрт, каде ти е победата?“ Осилото на смртта е гревот, а силата на гревот е Законот. Да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос. И така, браќа мои возљубени, би­де­те постојани, непоколебливи и секогаш богати во делото Господово, знаејќи де­ка трудот ваш пред Господ нема да биде залуден.

1 Коринтјаните 15:50-58 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Ова ви го велам, браќа: телото и крвта не можат да го наследат Божјото Царство; ниту распадливото го наследува нераспадливото. Еве! Ви кажувам тајна: не ќе - умреме сите, но сите ќе се измениме, во еден миг, во миг на окото, при гласот на последната труба: имено трубата ќе затруби и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме, зашто треба ова распадливото да се облече во нераспадливо; и ова смртното да се облече во бесмртност. А кога, ова, распадливото ќе се облече во нераспадливост; и, ова, смртното ќе се облече во бесмртност, тогаш ќе се збидне напишаното слово: „Победата ја проголта смртта. Смрт, каде ти е победата? Смрт, каде ти е осилото?“ Осилото на смртта е гревот; а силата на гревот е законот. Но, фала Му на Бога, Кој ни даде победа преку нашиот Господ Исус Христос. Затоа, мои возљубени браќа, бидете цврсти, непоколебливи, секогаш пребогати во Господовото дело, знаејќи дека вашиот труд во Господа не е напразен.